Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Криштоф Мецелдер пред административниот суд во Диселдорф признал дека поседувал детска порнографија, тврди германскиот весник „Дер Шпигел“, повикувајќи се на соопштението кое го објавил судот.
Обвинителите тврдат дека Мецелдер поседувал 297 фајлови со детска порнографија, и дека пратил 29 фотографии и видеа преку апликацијата Ватсап од јули до септември 2019 година. Одлуката судот да излезе со вакво соопштение не значи дека тој ги признал сите обвиненија, но судот тврди дека јавниот интерес бил пред приватниот бидејќи Мецелдер е поранешен фудбалер кој е познат на јавноста.
Судот исто така посочува дека Мецелдер бил амбасадор за Светското првенство во Германија во 2006 година, работејќи со фондација за поддршка на деца и млади луѓе, поради што си направил имиџ на „човек со висок морален интегритет“.
In der Kinderporno-Affäre um den Ex-Fußballnationalspieler Christoph Metzelder hat das Amtsgericht Düsseldorf am Montag einen Punktsieg errungen. https://t.co/aZvRsFd4UE
— FOCUS Gesundheit (@focusgesundheit) September 14, 2020
Ексфудбалерот на Реал, Мецелдер обвинет за ширење детска порнографија!