Top Sport

Меч во англиската втора лига не започна додека со пила не ги „скратија“ двата гола!

Во момент каков што досега не сме виделе во светот на фудбалот, мечот од англискиот Чемпионшип помеѓу Хал сити и Бирмингем сити стартуваше повеќе од половина час подоцна од предвиденото, откако домарите на стадионот беа приморани да со пила да ги „скратат“ двата гола кои едноставно беа преголеми.

Во меч на два тима кои се мачат ова сезона на „МКМ стадионот“, судијата забележа дека двата гола се преголеми, по што домаќините мораа да ги тргнат двата гола и да ги скратат на потребната големина.

Контроверзните доаѓаат само една недела откако на мечот Виган-Кардиф исто така во Чемпионшип, едниот гол беше над 5 сантиметри поголем од другиот, по што се побара интервенција од Фудбалската асоцијација. Домаќините загубија со 3:2 на тој меч, со победничкиот гол на Кардиф со гол кој беше одбиен од превисоката пречка.

Scroll to Top