Top Sport

Мечевите на Аталанта добија забрана за емитување во Франција

Француските фанови на италијанската Серија А нема да можат да го гледаат дербито Јувентус-Аталанта поради новата забрана од француското министерство за економија, финансии и индустрија.

Катарската „БеИН спортс“ потврди дека нема да се емитуваат мечевите на Аталанта во Франција по директива на управата за заштита од измама. Забраната доаѓа поради спонзорот на дресови на клубот од Бергамо, „Плус 500“, кои нудат „инвестициски услуги кои се финансиски ризични и кои се забранети поради заштита на корисниците“.

„Плус 500“, кои се спонзори на Аталанта од 2020, се платформа за финансиско тргување регистрирана на Кипар, кои исто така се спонзори на полската Легија Варшава, швајцарскиот Јанг бојс и НБА тимот на Чикаго булс.

Scroll to Top