Top Sport

Мечот Астон вила-Евертон откажан по девет нови позитивни случаи кај Вила

Мечот помеѓу Астон вила и Евертон од Премиер лигата закажан за во недела е откажан, откако КОВИД-19 продолжува да прави проблеми за клубот од Бирмингем.

Вила мораа да играат со У-23 тимот во ФА купот против Ливерпул минатата недела по низа позитивни случаи кои примораа затварање на нивниот тренинг-центар, по што беше откажан и мечот со Тотенхем закажан за вчера, а Фулам ги заменија на само 48 часа.

„Домашниот меч на Астон вила против Евертон нема да се одигра на 17 јануари, откако значителен број на фудбалери и членови на тимот се во изолација“, се вели во одлуката на Премиер лигата.

Scroll to Top