Top Sport

Мечот Австрија-Данска уште не почна, нема струја на „Ернст Хапел“

Мечот од Лигата на нации помеѓу Австрија и Данска, кој требаше да започне уште во 20.45 часот, е неизвесно дали ќе се оддржи, откако на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена нема струја.

Двете репрезентации влегоа во пресметката по одличните први натпревари – Данска успеа да ја победи Франција на гости со 1:2, додека Австрија, во првиот меч под водство на Ралф Рангник со 0:3 ја декласираше Хрватска во Осиек.

Scroll to Top