Top Sport

Перез: Сите љубители на убавиот фудбал се заљубија во овој Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез со писмо до членовите на „кралскиот“ клуб се заблагодари на поддршката во успешната сезона, во која прославија тројна титула – Ла лига, Лигата на шампиони и Шпанскиот суперкуп.

Тој во писмото исто така посочи дека тимот на Карло Анчелоти успеал да привлече почитување од многу фудбалски фанови од целиот свет.

„Сакам да ја споделам со вас радоста на сите Мадридисти во ова возбудливо време за нашиот клуб. 14. европска титула, освоена во Париз додава уште една страница во историјата и легендата на Реал Мадрид. Овој европску куп сега е незаборавен и ќе биде секогаш во срцата и сеќавањата на сите Мадридисти низ целиот свет. Но, патот кој го поминавме до успехот не само што придонесе за гордоста на навивачите на Мадрид, туку и сите љубители на добриот фудбал се заљубија во нашиот тим. Тие дадоа максимум во секој натпревар, предводени од Карло Анчелоти, кој не само што влезе во историјата со своите трофеи, туку и постави високо ниво на вредности на клубот. Овие фудбалери, од кои некои од нив веќе имат пет европски купови, се гордост на нашиот грб и нашиот дрес. Но, ништо од ова немаше да биде возможно без поддршката, силата и единството на нашите членови и фанови. Нивното исклучително онесување и увереност дека за грбот секогаш вреди да се оди до крај, исто така донесе почитување во фудбалскиот и спортски свет“, вели Перез.

Scroll to Top