Top Sport

Хрватска успеа да извлече реми против Франција!

Хрватска на „Пољуд“ во Сплит успеа да извлече 1:1 реми со Франција во второто коло во Лигата на нации, но и по девет меѓусебни мечеви останува без победа против „триколорите“.

Дидие Дешам можеше да си дозволи да ги остави на клупата Килијан Мбапе и Карим Бензема и покрај домашниот пораз од Данска во првото коло, и повторно да дојдат први во водство, кога Висам Бен Једер му асистираше на фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио во 52. минута. Хрватска успеа да дојде до израмнување во 83. минута кога беше досуден пенал, а Андреј Крамариќ успеа да го совлада Мајк Мањан.

Вториот меч од групата 1 во Лига А, помеѓу Австрија и Данска започна во 22.15 часот поради проблемите со електричната енергија во австриската престолнина Виена.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Хрватска – Франција 1:1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Исланд – Албанија 1:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Белорусија – Азербејџан 0:0

Словачка – Казахстан 0:1

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Летонија – Лихтенштајн 1:0

Андора – Молдавија 0:0

Scroll to Top