Група на италијански пратеници кои се навивачи на Наполи побараа официјални одговори во Италијанскиот парламент по контроверзното 2:2 реми со Аталанта во средата.
Одбивањето на судијата да го користи ВАР системот да доделат пенал за Наполи во финишот на мечот, директно влијаеше Јосип Иличиќ да постигне израмнувачки гол, по што изби „бура“ на „Сан Паоло“, а црвен картон доби и тренерот Карло Анчелоти.
Денеска 12 пратеници побараа парламентарно прашање до Министерството за спорт на Италија: „Кои иницијативи владата ќе ги преземе за да осигура коректност и независност во Серија А за милиони фудбалски фанови? Помеѓу целите на министерството е уставна активност за борба против манипуација на спортските резултати. Пеналот кој не се досуди на Наполи е јасно прекршување на правилата. Наполи беа измамени и загубија два поени“.
Контроверзно 2:2 реми на Наполи со Аталанта, Анчелоти доби црвен картон (видео)