Top Sport

Медиумите му бараат наследник, а Валверде ја имал поддршката од Меси

Ќе биде ли Ернесто Валверде и наредната сезона тренер на Барселона? Одговорот на ова прашање е она што најмногу ги интересира медиумите и сите навивачли на славниот клуб.

Валверде, во февруари го продолжи својот договор, меѓутоа сензационалната елиминација од Ливерпул во полу-финалето, во Лигата на шампионите, ги разниша неговите позиции во клубот.

Иако лани ја освои двојната круна, а во тековната сезона Барса веќе ја одбрани титулата и ќе игра финале во домашниот Куп, многумина сметаат дека Валверде нема капацитет за да направи значаен резултат во Лигата на шампионите.

Лани Барселона, против Рома во четврт-финалето, испушти предност од 4:1, а оваа сезона против Ливерпул ен им беше доволна ниту предноста од 3:0 за да се пласираат во финалето.

Медиумите, шпекулираат со имињата на двајца тренери како можни наследници на Валверде. Според клупската филозофија двајцата се од Холандија, а еден е клупска легенда.

Роналд Куман е човекот што на Барселона и ја донесе првата титула во Лигата на шампионите, тој е актуелен селектор на Холандија и во моментов ги прави последните планови за настап на „лалињата“ на завршниот турнир во најсилната група во Лигата на нации, што ќе се одржи на почетокот на наредниот месец.

Доколку 56 годишниот тренер ја одбие понудата, тогаш втор пик ќе биде Ерик Тен Хаг, човекот кој правеше чуда со Ајакс во Лигата на шампионите. Тех Хаг, во средата, немаше среќа да се пласира со Ајакс во финалето.

Пречка за евентуалното доаѓање на еден од овие двајца може да биде Лионел Меси. Според каталонските медиуми, Аргентинецот на челниците и кажал дека Валверде треба да остане на клупата и наредната сезона.

Scroll to Top