Top Sport

Меган Рапино со женската „Златна топка“

Американската капитенка Меган Рапино е освојувачка на „Балон д’ор феминин“ во женска конкуренција, победувајќи ја Англичанката Луси Бронз и својата американска сонародничка Алекс Морган.

Рапино ја предводеше американската женска репрезентација до титулата од Светското првенство во Франција во 2019, каде што покрај фудбалот, се заложуваше и за израмнување на паричните средства кои ги добиваат мажите и жените на големите првенства.

Рапино не беше присутна на церемонијата, а од неодамна нејзин тренер во американската репрезентација е Македонецот, Влатко Андоновски.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');