Top Sport

Мегваер го пропушта манчестерското дерби?

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот Хари Мегваер би можел да го пропушти градското дерби против Манчестер сити.

Мегваер има повреда на скочниот зглоб поради што не играше синоќа во ФА купот против Дерби каунти.

Репрезентативецот на Англија се повредил на еден од тренинзите на Манчестер јунајтед.

„Мораше да остане дома поради повредата на зглобот. Се надевам дека ќе биде подготвен за натпреварот што ќе го играме викендов“, рекол тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед в недела, од 17.30 часот, ќе ги пречекаат градските ривали Манчестер сити.

Scroll to Top