Top Sport

Мегваер: Јас сум капитен на Јунајтед. Пишувајќи за мене собираат кликови

Хари Мегваер дојде во Манчестер јунајтед од Лестер пред три години за 87 милиони евра и со тоа стана најскапиот дефанзивец во светот. Сепак, не успеава да ја стабилизира формата, поради што од почетокот на сезоната е прв избор на тренерот Ерик тен Хаг. За разлика од тренерот на Јунајтед, англискиот селектор Герет Саутгејт има целосна доверба во Мегваер.

Да потсетиме, Англија испадна од елитната дивизија во Лигата на нации по поразот од Италија (1:0).
„Не размислувам што зборуваат луѓето. Ако луѓето можат да напишат приказна за мене и јас сум капитен на Манчестер Јунајтед, тогаш тоа ќе биде голема вест“, изјави 29-годишниот Мегваер за „talkSPORT“, по натпреварот со Италијанците. .

„Луѓето го прават тоа за кликови и такви работи. Но, отидов на ЕП по повредата која ме оддалечи осум недели. Не одиграв ниту еден натпревар, пред ЕП и завршив во идеалниот тим на првенството”, додаде Мегваер.

Scroll to Top