Top Sport

Мегваер: Медиумите пишуваат невистини

Хари Мегваер ги демантира пишувањата на англиските медиуми за лошата атмосфера во соблекувалната на Манчестер јунајтед. Претходно, истото го направи и Маркус Рашфорд. Според медиумите, Мегваер и Рашфрд, не го сакале Кристијано Роналдо.

„Видов многу објави кои немаат врска со вистината. Нема сега да го коментирам се она што досега е напишано, само ќе кажам една работа. Постои единство во тимот, сите размислуваме за натпреварот во недела. Уживајте во денот“, напишал Мегваер.

Претходно со порака на „Твитер“, се огласи Маркус Рашфорд.

„Зарем сега ќе почнеме да измислуваме работи? Ве молам престанете да правите поделби меѓу нас“.

Scroll to Top