Top Sport

Мегваер не заслужува да биде капитен на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед под итно треба да именува друг капитен. Поранешниот фудбалер Пор Паркер, изјави дека Хари Мегваер не заслужува да ги предводи „црвените ѓаволи“ на теренот.

Мегваер, капитенската лената ја доби шест месеци по трансферот од Лестер, кога стана најскапиот одбрамбен играч во историјата на фудбалот. Лената ја наследи од Ешли Јанг, кога тој во јануари 2020 се пресели во Интер.

Од почетокот, на кошмарната сезона за Манчестер јунајтед, Мегваер се истакнува со лошите проценки и грешките што ги прави на теренот.

„Прерано му ја дадоа капитенската лента. Многумина беа изненадени од одлуката. Од првиот ден можеше да се забележи дека одлуката беше погрешна. Капитен не мора да биде најдобриот играч или играч за кого се платени најмногу пари. Мегваер има многу елементи во играта кои мора да ги поправви“, рекол Паркер кој за Јунајтед играл од 1991 до 1996 година.

Манчестер јунајтед, од почетокот на сезоната во Премиер лигата, имаат шест порази, одбраната прими 19 голови.

„Јунајтед за Мегваер платија 80 милиони фунти, тоа е премногу. Велат дека имал одлично лето со Англија на Европското првенство, но единствено тежок натпревар беше со Италија во финалето. Сега најдобро се забележуваат сите дупки во неговата игра“.

Scroll to Top