Хари Мегваер, капитенот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, изминатите денови се наоѓа во фокусот на спортските медуми поради скандалот што го предизвика на грчкиот остров Миконос. Мегваер се тепал пред еден бар, а потоа бил проведен со лисици на рацете. Физички ги нападнал полицајците, на кои во полициската станица им понудил поткуп за да го пуштат.
Мегваер два дена минал во притвор, а нешто подоцна е осуден на 21 месечна затворска казна.
Најскапиот дефанзивен играч во историјата на фудбалот во интервју за Би-би-си вели дека тој бил жртва во целиот случај.
„Не мислам да се извинам. Извинување праќаш кога ќе направиш нешто погрешно, јас ништо не згрешив“, рекол Мегваер.
„Не му го посакувам ова на никого. Жал ми е што го ставив во ваква позиција еден од најголемите клубови во светот, но јас не сторив ништо лошо. Се најдов во ситуација која може да му се случи на секого“.
Фудбалерот тврди дека добил впечаток дека сакаат да го киднапираат и дека поради тоа реагирал со тупаници.
„Ме удираа по нозете, но не чувствував ништо бидејќи бев во паника. Бев исплашен. Се плашев за својот живот. Знам што се случи таа ноќ, ја знам вистината“, рекол Мегваер.
"I did nothing wrong."
Harry Maguire has spoken to @danroan about his arrest in Greece.
Read more and watch the full interview: https://t.co/C36BT8PhgY pic.twitter.com/AA3ho2pgvX
— BBC Sport (@BBCSport) August 28, 2020