Top Sport

Мегваер нема потрес на мозокот, туку само му се слошило

Англискиот селектор, Герет Саутгејт објасни дека капитенот на Манчестер јунајте, Хери Мегваер бил заменет при 6:2 победата над Иран бидејќи не се чувствувал добро, но ги демантираше англиските медиуми кои тврдеа дека тој добил потрес на мозокот.

Мегваер падна по првиот гол на Мехди Тареми, по што доби проверка од медицинскиот тим и беше заменет.

„На Хери му сее слоши. Тој го покажа тоа пред да падне голот. Немаше поента да продолжи да игра, но не сме загрижени занеговата состојба. Дали е во ред за следниот меч? Мислам да. Нема загриженост за повреди во тимот, ниту со Мегваер, ниту со Хери Кејн“, вели Саутгејт.

Англија игра со САД в петок во второто коло.

Scroll to Top