Top Sport

Аргентинска репортерка ограбена додека танцувала со навивачите во Катар

Аргентинската ТВ-репортерка, Доминик Мецгер тврди дека била ограбена во моментите додека известувала од Светското првенство во Катар. Мецгер, која работи за „Тоо нотисијас“ се вклучила во живо од Корниче делот на катарската престолнина Доха пред вчерашниот меч, кога крадци и украле пари, документи и кредитни картички од нејзината торба. Иако нема директно видео од кражбата, инцидентот се случил додека таа танцувала со дел од нвивачите.

„Танцував со нив и сигурна сум дека во тој момент некој ми ја отвори чантата и ми го украде паричникот“, објаснува Мецгер.

Таа додава дека прво била однесена во посебен дел за жени во полициската станица во Доха, каде што и било ветено дека ќе биде најден крадецот бидејќи е сигурно фатен на камера – Катар инсталираше 20.000 камери со технологија на препознавање лица во престолнината. Исто така и било порачано дека ќе може да ја избере казната за крадецот – пет години затвор или депортација, бидејќи таа танцувала во моментот со аргентински навивачи.

Scroll to Top