Top Sport

Мегваер прерано стана капитен на Мачестер јунајтед

Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, го дели мислењето дека Хари Мегваер прерано ја добил капитенската лента. Јунантед за Мегваер, во август 2019 година, платија 80.000.000 евра. Шест месеци подоцна беше промовиран во капитен на тимот.

Голем дел од англиската јавност смета дека Мегваер не е лидер и дека не заслужува да ја носи капитенската лента во еден толку голем клуб.

„Мислам дека прерано стана капитен. Да си играч на Јунајтед е голем притисок, дополнителен притисок носи капитенската лента. Тоа е голема одговорност, става голем товар на вашите плеќи. Многу поважно е Мегваер да стане еден од темелите на тимот, а не да биде капитен“, рекол Фердинанд.

Рио Фердинад смета дека поради стажот, капитен на Јунајтед треба да биде голманот Давид Де Хеа.

Scroll to Top