Top Sport

Спектакуларна тројка за победа – Дерозан им пресуди на Индијана Пејсерс

Демар Дерозан погоди тројка за победа во Индијанаполис, против Индијана Пејсерс (108:106) и го искачи својот тим на лидерската позиција во Источната конференција.

Поранешниот играч на Торонто и Сан Антонио, со звукот на сирената, погоди од тешка позиција. Се одрази на една нога и преку раката на својот чувар ја „скина“ мрежичката.

Интересно, Дерозан, ретко шутира тројки, во просек оваа сезона погодува една тројка по натпревар.

Натпреварот во Индијанаполис го заврши со 28 поени, шест асистенции и по три скока и украдени топки.
Со оваа победа Чикаго Булс се израмнија на лидерската позиција на Истокот со Бруклин Нетс, двата тима имаат по 23 победи и 10 порази.

Scroll to Top