Top Sport

„Мегваер се уште е мамурен од ЕУРО, Јунајтед се како доктор Џекил и мистер Хајд“

Манчестер јунајтед уште еднаш разочараа во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, освоија само бод на гостувањето кај еден од најлошите тимови во лигата, Барнли.

Манчестер јунајтед имаа доминација во првиот дел, постигнаа еден гол, уште два им беа поништени, а во второто полувреме тимот на Рангник исчезна од теренот.

„Ова е како доктор Џекил и мистер Хајд“, коментирал поранешниот капитен на Јунајтед, Рио Фердинанд.

„Ова е големо разочарување. Јунајтед не смеет да играат вака. Играта не беше на нивото за првите четири места на табелата. Не се забележува дека тимот напредува под водство на Ралф Рагник“, рекол Фердинанд кој уште еднаш упати критики до Хари Мегваер.

Капитенот на Манчестер јунајтед, имаше неколку лоши интервенции, особено лошо реагираше кај голот што го постигна Барнли.

„Мора да преземе одговорност за лошата реакција, тој мора да ги „испегла“ своите потези. Сигурен сум дека не е задоволен од својата игра. Не знам дали се уште е мамурен од Европското првенство, психички и физички. Касно е дека нема константа во неговата игра оваа сезона. Не игра добро. Сепак не можеме да го обвиниме само него, целиот тим мора да преземе одговорност“, заклучил Фердинанд.

Scroll to Top