Top Sport

Сабонис за Халибуртон – Трејд на релација Индијана-Сакраменто

Сакраменто Кингс и Индијана Пејсерс ќе разменат шест кошаркари. Пејсерс по Карис Лаверт ќе ги напушти и Домантанс Сабонис, што е јасен сигнал дека франшизата влегива во целосна реконструкција.

Покрај Сабонис, во Сакраменто ќе се преселат Џастин Холидеј и Џереми Лемб. Кингс добија и пик на драфтот во 2027 година.

Од Сакраменто во Индијанаполис заминаа Бади Хилд, Тајрси Халибуртон и Тристан Томпсон.

Најголемо изненадување во овој трејд е Халибуртон кој сезонава има просек од 17,3 поени и 9,4 асистенции. Младиот 21-годишен кошаркар требаше да биде еден од предводниците на Кингс, но очигледно газдите имаат поинакви планови.

Scroll to Top