Хери Мегвајр потпиша нов петгодишен договор со тимот на Лестер вреден над 20 милиони фунти, со што поранешните англиски шампиони се надеваат дека ќе го спречат неговиот можен трансфер во Манчестер јунајтед.
25-годишниот англиски дефанзивец ќе добие одлично зголемување на платата од 45.000 на 80.000 фунти неделно и ќе остане на „Кинг Пауер“ до 2023 година. Тој дојде од Хал минатото лето за „само“ 17 милиони фунти, но импресионираше и во Премиер лигата и со Англија на СП во Русија, по што Жозе Мурињо се обиде да го донесе во летниот преоден рок.
„Откако дојдов во овој клуб, постојано посочувам колку беа добри за мене. Тие ми дадоа шанса да играм во Премиер лигата и одлична платформа да влезам во репрезентацијата. Им должам многу и гледам светла иднина со клубот“, изјави Мегвајр.
Со ова, Мегвајр е вториот најплатен фудбалер на „лисиците“, по Џејми Варди, кој заработува 150.000 фунти неделно.
#lcfc is delighted to announce that @HarryMaguire93 has signed a new five-year contract with the Club! ????????
#Maguire2023Details ➡️ https://t.co/8bghkT3jZX pic.twitter.com/f66lcOXwAv
— Leicester City (@LCFC) September 9, 2018