Дејвид Мекголдрик, фудбалер на Шефилд јунајтед, рекол дека тој и неговите соиграчи преку Твитер дознале дека менаџерот Крис Вајлдер добил отказ.
„Чудно е како сето тоа се одвиваше. Дојдовме на тренинг, влеговме во вежбалната и потоа некој рече: ‘Погледнете го ова на Твитер. Некој објавил дека тренерот добил отказ’. Имаше најави, се шпекулираше неколку месеци, но…а почнавме помалку да влегуваме во форма“, изјавил Мекголдрик.
„И потоа следуваа 48 часа без потврда. Играчите немаа можност да го запознаат Хеки (Хекингботом)“.
Фудбалерот е убеден дека неговиот поранешен тренен бргу ќе најде работа. Крис Вајлдер се поврзува со Селтик.