Американецот Вестон Меккени станува необичниот хит на Јувентус оваа сезона, откако против Болоња го постигна својот четврти гол оваа сезона, по што имаше необична прослава на голот, објаснувајќи подоцна дека е огромен фан на книгите и филмовите за Хери Потер.
22-годишниот Меккени, кој дојде од Шалке минатото лето, е првиот Американец кој го носи дресот на „старата дама“, а со три гола во Серија А, еден во Лигата на шампионите и две асистенции покажува дека Јуве направиле добра зделка.
„Ова беше многу важна победа за нас, бидејќи двата клуба од Милано изгубија поени вчера. Ќе можеме да дојдеме на три поени поблиску, но ќе биде тешко до крајот на сезоната. Имам енергија да трчам во отворен простор, така што не ми е проблем да се адаптирам на играта. Зошто славев така? Не, не е Зоро, јас сум голем фан на Хери Потер, имам тетоважа на прстите, така што тоа беше магија“, вели Меккени.
Weston McKennie about his goal celebration: "My celebration? Harry Potter's wand. I am actually a big Harry Potter fan, I have a tattoo on my hand, so it was a magic spell.” pic.twitter.com/iw3emNyFGM
— noobfcb (@noob_fcb) January 24, 2021
⚡Mckennie/Potter@EdoardoMecca1 @anomaleo @LeonettiFrank @dorinileonardo @GianlucaGarro @guidotolomei @walteriaca @ColpogobboYtube @Super3mp @mike_fusco @Bennid22 @Djnc78 @GattaMario3 @carmenbonvil @Monica_7023 @Valeria23549267 @SweetVale86 @PuccaBlu @elisabroggi @LaraMarsiglia pic.twitter.com/nJNM3G2o1E
— Giuseppe Abbate (@AbbatePeppe) January 24, 2021