СтПоранешниот фудбалер на Ливерпул, Стив Мекманаман вели дека прашање на време е кога Јирген Клоп ќе замине од „Енфилд“ и ќе стане тренер на Баерн Минхен.
Германскиот тренер го трансформираше Ливерпул во еден од најсилните тимови на светот во последните неколку години со трофејот од Лигата на шампионите минатата сезона и доминацијата во Премиер лигата оваа сезона. Но, Мекманаман не очекува оваа „бајка“ да трае долго.
„Мислам дека навистина го сака Ливерпул и Премиер лигата, но можам да замислам да се врати во Германија и да стане тренер на Баерн Минхен. Начинот на кој се води тој клуб и третманот кој германските тренери го добиваат таму, не може да се отфрли таква можност. Пред неколку години изгледаше дека се во криза, но сега покрај искусните играчи имаат и многу млади таленти кои се гладни за успех“, вели Мекманаман.
Англичанецот, кој одигра 362 натпревари за Ливерпул, не верува дека Клоп е заинтересиран за Ла лига.
„Не сум сигурен дека Клоп има било каква желба да биде тренер на Реал Мадрид или Барселона и не гледам зошто би отишол во Шпанија. Веќе ја немаат аурата со ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а секогаш има и политички игри зад сцените со фудбалерите и со бордот на клубот“, додава Мекманаман.