Top Sport

Мексикански навивач ги загуби нервите го „нападна“ својот телевизор со нож!

Разочарувањето од срцепарателната елиминација на Мексико од Светското првенство најдобро се прикажува со видеото на еден луд навивач кој го уништи својот телевизор, дури вадејќи нож во „пресметката“.

Мексико ги победи Саудиска Арабија со 2:1 во последниот меч, но тоа не беше доволно за пласман во осминафиналето, откако Аргентина со 2:0 ја совлада Полска, и Полјаците се „протнаа“ во нокаут фазата со подобра гол-разлика.

Мексиканскиот навивач ова го сфати толку трагично, што бесот го искали на телевизорот, прво удирајќи го со тупаници, а потоа зеде и нож за да го „докрајчи“.

Scroll to Top