Top Sport

Мексикански второлигаш има екстра засилување – Кристијано Роналдо!

Мексиканскиот фудбалски второлигаш, Којотес од Тлаксал привлече внимание во фудбалскиот свет со чуден потег на нивниот официјален Инстаграм профил.

Мексиканскиот клуб кој е основан пред 5 години овие денови како свое засилување за идната сезона го претстави Португалецот Кристијано Роналдо.

Администраторот на официјалната страна на клубот бил навистина креативен, па под фотографијата на CR7 му испратил и порака на португалскиот ас:

„Гледаш колку убаво би ти стоел овој дрес? Кажи им во Јувентус да одговорат на нашиот повик“.

Scroll to Top