Top Sport

Пирло сака силен и борбен напаѓач, Џеко и со 34 години е на нивото на Јуве

Од моментот кога Андреа Пирло го презема кормилото на Јувентус, „Бјанконерите“ го интензивираа трансфер-пазарот, бараат играчи на неколку позиции.

Италијански медиуми пренесуваат дека „Старата дама“ е заинтересирана во Торино да го доведе Един Џеко, 34-годишниот голгетер на Рома кој минатата сезона на 43 меча постигна 19 гола и имаше 14 асистенции.

А на Пирло му треба токму таков напаѓач – силен, цврст, пожртвуван, кој може да ја задржи топката, но и да ја подели со соиграчите.

На листата на желби е и Аркадијуш Милик од Наполи, но Де Лаурентис не го пушта од Неапол за сума помала од 50 милиони евра.

Се споменува и Алваро Мората од Атлетико.

„La Stampa“ пишува дека популарниот Маестро сака да го доведе во Торино и бекот на Ајакс, Сержињо Деста кој го следат и од Баерн, но и од Барселона. Наводно Јуве за тинејџерот треба да одвои 20 милиони евра, но и тоа не му гарантира место во стартната постава.

Scroll to Top