Аргентинскиот стручњак Диего Кока повеќе не е селектор на Мексико, соопшти денеска националната фудбалска федерација. На местото на Кока доаѓа поранешниот селектор Хаиме Лозано.
Кока во февруари седна на клупата на Мексико, а за време на неговиот мандат забележа три победи, три нерешени и еден пораз.
Одлуката повеќе да не биде селектор дојде по поразот од САД (0:3) во четвртокот во полуфиналето на Лигата на нации, во КОНКАКАФ зоната.
„Можете да загубите од САД, затоа што тоа е фудбалот. Она што е неприфатливо е начинот на кој се загубивме и одлуките на тренерот што го подели тимот“, изјави претседателот на Мексиканската фудбалска федерација, Карлос Родригез.