Кардиф Сити ја изненадија јавноста со објавата дека не сакаат да го платат обесштетувањето за Емилијано Сала. Кардиф го купи Аргентинецот од Нант за 17 милиони евра, што е клупски трансфер рекорд. За жал Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари кога беше на пат кон Кардиф, каде требаше да им се приклучи на новите соиграчи.
Клубот нема намера да го исплати Нант, иако Сала потпиша договор со Кардиф и се фотографираше во дресот на Кардиф.
Карди и сопственикот Винсент Тан се обидуваат да докажат менаџерот на фудбалерот, Вили МекКеј, ги измамил и ги натерал да го реализираат овој трансфер. Тие тврдат дека доколку го сакаат Сала во своите редови ќе мора веднаш да реагираат бидејќи за него биле заинтересирани уште неколку екипи (Вулверхемптон, Кристал Палас, Фулам и Барнли)
Вчера, Кардиф преку медиумите упати апел до овие тимови и побараа помош за да докажеле дека четирите клуба не покажувале интерес за Сала.
„Мојата совест е чиста. Не можам да поверувам што се обидуваат да направат Тан и неговите луѓе. Кардиф со овие тврдења не ја покажува класата на клуб шти игра во Премиер лигата. Се обидуваат да ме претстават како измамник и да ми ја уништат кариерата. Летовите за Сала беа договорени во Кардиф, зошто не ја кажат вистината. Решија мене да ме жртвуваат, но јас нема лесно да се предадам“, рекол МекКеј.
Тан и Кардиф се надеваат на некаква помош од тимовите, но сето тоа ќе мора да го докажат низ судска постапка, бидејќи од Нант најавија дека ќе тужат.