Top Sport

Менхенгладбах на чекор до ЛШ, Вердер на пат кон Цвајта (Видео)

Во Бундеслигата попладнево се одиграа натпреварите од претпоследното коло. Баерн кој веќе обезбеди нова титула славеше над Фрајбург 3:1, Борусија Дортмунд во дербито победи во Лајпциг 2:0, Вердер со поразот од Мајнц 3.1 со една нога се во Втората лига, додека Херта со победата над Баер Левекузен 2:0 им ја направи на „фармацевтите“ невозможна мисијата за пласман во Лигата на шампионите.

Баерн е шампион, Борусија Дортмунд го обезбеди второто место, а сигурен патник во Лигата на шампионите е и Лајпциг. За четвртото место се борат Борусуја Мехенгладбах и Баер Леверкузен.

Менхегладбах победија кај Падерброн 3:1 и благодарение на поразот на Баер Леверкузен во Берлин кај Херта (2:0) стекнаа два бода предност. Во последното коло Менхегладбах со победа над Херта ќе го обезбеди четвртото место.

Во долниот дел од табелата нејасно е само кој ќе испадне покрај Падерброн. Вердер се претпоследни со два бода помалку од Фортуна. Во последното коло Вердер ќе го пречека Келн, а Фортуна ќе му гостува на Унион Берлин.

Еден од овие два тима (Вердер, Фортуна) ќе испадне, а еден ќе игра бараж за опстанок, најверојатно против ХСВ.

Колото го обележа и Роберт Левандовски, тој постигна два гола во победата над Фрајбург и стигна до бројката од 31 гол во Бундеслигата. Левандовски стана најдобриот странски стрелец во историјата на Бундеслигата.

Голгетерската серија ја продолжи Ерлинг Халанд кој ги постигна двата гола за Дортмунд против Лајпциг.

Scroll to Top