Top Sport

Менхенгладбах со лесна победа над Волфсбург (видео)

Тоа што требаше да биде дерби пред можното крунисување на Баерн за шампион на Германија, на крајот беше еднострана победа – Борусија Менхенгладбах по два порази со убедливи 3:0 ги совлада Волфсбург за да се врати во позиција која води во Лигата на шампиони следната сезона.

Јонас Хофман беше ѕвездата на првото полувреме, откако стрелаше во 11. и во 30. минута за 2:0 водство, по што во второто полувреме Ларс Штиндл во 61. минута да ги постави конечните 3:0.

Со победата, „ждребињата“ се искачија на четвртото место на табелата со 59 поени, три помалку од РБ Лајпциг и два пред Баер Леверкузен кои утре ги пречекуваат Келн. Волфсбург се на шестото место со 46 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');