Top Sport

Мертенс: Не требаше да заврши така со Наполи

Рекордерот по бројот на голови постигнати во дресот на Наполи, Дрис Мертенс смета дека не требал да добие таков крај во клубот за кој дал толку многу, но вети дека еден ден ќе се врати во Неапол.

35-годишниот Белгиец по девет години си замина од Кампанија по крајот на неговиот договор, и беше подготвен да остане, но претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис не беше подготвен да му понуди договор, по што тој потпиша договор со турскиот Галатасарај.

„Тоа беа прекрасни девет години. Секако, не требаше да заврши така, мислам дека клубот можеше да зборува со мене и порано, но мислам дека ќе научат од ова искуство. Денеска сум многу среќен, бидејќи сум во нова авантура во голем клуб. Заминувањето од Неапол беше тешко. Мојата сопруга плачеше што го напуштаме домот, така што решивме да не ја продадеме куќата и да поминуваме што е можно повеќе време таму“, вели Мертенс, кој имаше 396 настапи за Наполи, 148 гола и 90 асистенции, освојувајќи две титули од Копа Италија.

Scroll to Top