Top Sport

УЕФА повтори дека фудбалските клубови од Крим не смеат да играат во руските лиги

УЕФА потврди дека не го сменила својот став околу тоа дали фудбалските клубови од Крим смеат да бидат интегрирани во руските лиги, откако во понеделникот Руската национална фудбалска лига (ФНЛ) откри дека формирале работна група за оваа цел.

Минатата недела пак, шефот на Руската Премиерлига, Александер Алаев потврди дека имал неофицијални разговори со УЕФА за воведување на Крим во рускиот фудбал. Русија го анектираше Крим во 2014 година по референдумот на полуостровот, иако повеќе земји го признаваат како интегрален дел о Украина.

„Во однос на ситуацијата на Крим, според одлуката на извршниот комитет на УЕФА од 22 август 2014, на фудбалските клубови од Крим им е забрането да учествуваат на натпреварувањата организирани од Рускиот фудбалски сојуз од 1 јануари 2015“, се вели во реакцијата на УЕФА, која посочува дека додека нема друга одлука регионот се смета за „специјална фудбалска зона“.

Крим има формирано сопствен фудбалски сојуз од 2015 година и локална лига со осум клуба.

Scroll to Top