Top Sport

Меси 17 години во Барса! На што беше напишан неговиот прв договор и што имаше во него?

Еден од најважните документи во фудбалската историја, првиот договор на Лионел Меси со Барселона, всушност, беше напишан на салфетка!

13-годишниот Меси пристигна во Каталонија од Аргентина во септември 2000, кога ги воодушеви со својата вештина со топката и иако му беше ветен договор кога тој и неговото семејство се вратија дома, одлуката дали ќе биде член на Блауграна не беше направена до декември кога неколку официјални лица на клубот биле на ручек.

Според каталонскиот „Спорт“, техничкиот секретар Карлес Рексач откако Орасио Гаџоли, контактот на Меси во Шпанија се заканил дека ќе го понуди фудбалерот на Реал Мадрид, одиграле партија тенис со Жосеп Марија Мингуела, уште еден агент со врски на Барса. Жоан Гаспарт, тогашниот претседател на Барселона сметал дека трансферот е ризичен, но Рексач решил да го напише следново на салфетката, што подоцна било потпишано од тројцата.

„Во Барселона, на 14 декември 2000 и во присуство на господата Мингуела и Орасио, Карлес Рексач, техничкиот секретар на ФЦБ е посветен под негова одговорност и покрај некои мислења против потпишувањето на договор со фудбалерот Лионел Меси, сè додека се исполнат усогласените цифри“, пишува во договорот.

По ова, сè беше официјализирано и Меси ја почна својата авантура во Барселона, играјќи за младинскиот тим, Ц и Б тимот, пред да влезе во првиот тим во пријателски меч против Порто (тогаш под водство на Жозе Мурињо), на само 16 години, 4 месеци и 23 дена на 16 ноември 2003 година.

Почетокот можеби беше на салфетка, но сега бројките се безмилосни – 9 титули од Ла лига, 6 од Копа дел реј, 4 од Лигата на шампионите, 5 Златни топки и 581 голови.

Scroll to Top