Top Sport

Нејмар ќе биде подготвен за четврт-финалето

Бразилецот Нејмар ќе биде подготвен за настап во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Пари Сен Жермен со „една нога“ веќе се меѓу осумте најдобри по победата во Манчестер над Јунајтед 2:0, во првиот осмина-финален натпревар.

Нејмар е надвор од фудбалските терени уште од јануари, кога се повреди на мечот со Стразбург во Купот на Франција.

„Се чувствувам подобро. Бев на неколку терапии, ги завршивме сите неопходни процедури за да бидам подготвен да играм. Задоволен сум како од процесот на рехабилитација. Со нетрпение чекам да се вратам“, рекол Нејмар.

Покрај фудбалерот оптимист е и неговиот личен тренер Рафаел Мартин.

„Доколку рехабилитацијата оди според планираното и доколку ПСЖ избори четврт-финале Нејмар би можел да игра“, изјавил Марин.

Првите четврт-финални мечеви во Лигата на шампионите ќе се играат на 9 и 10 април.

Scroll to Top