Top Sport

Меси: Би сакал да играм за Њуелс

Лионел Меси, асот на Интер од Мајами и аргентинскиот репрезентативец изјави дека не размислува да ја заврши кариерата.

Меси во летниот преоден рок се пресели од Пари Сен Жермен во тимот од Флорида. На 12 натпревари постигна 11 гола за клубот од Мајами и забележа пет асистенции.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата пристигна во Барселона од Њуелс Олд Бојс во 2000 година. Во Барселона беше до 2021 година, а потоа мина две сезони во Пари Сен Жермен.

„Секогаш размислував за една идеја, а тоа е да уживам во играјќи во аргентинскиот фудбал, како светски шампион, за Њуелс“, рече Меси, кој минатата година со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.

И на терените во Америка, Меси продолжува да го воодушевува светот со своите вештини.

„Не размислувам да ја завршам кариерата. Не размислувам што ќе правам откако ќе се пензионирам. Сакам да го правам она во што уживам. Не размислувам за иднината. Најмногу сакам да играм фудбал“, изјави Меси, кој има договор со Мајами до јуни 2025 година.

Foto/ EPA

Scroll to Top