Top Sport

Рабио има понуда од Премиер лигата

Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Адриен Рабио има неколку понуди да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесуваат британските медиуми.

Според овие извори, интерес за фудбалерот на Јувентус покажале Манчестер јунајтед и Њукасл.

Рабио (28) пристигна во Јувентус во 2019 година од Пари Сен Жермен.
Сезонава одигра три натпревари во дресот на Јувентус и постигна еден гол.

Британските медиуми потсетуваат дека Рабио и претходно преговарал со англиски клубови, но кариерата не ја продолжил во Премиер лигата, бидејќи имал големи финансиски барања.

Тој има договор со „старата дама“ до јуни следната година.

За Јувентус одигра вкупно 180 натпревари, постигна 18 голови. За француската репрезентација настапи на 39 натпревари и постигна три гола.

Foto/ EPA

Scroll to Top