Како најава за големиот спектакл, шоуто „Меси10“, во кое преку акробатски перформанс ќе биде претставена кариерата на ѕвездата на Барселона, Меси дал опширно интервју за Каталонското радио.
Говорел за Чави, Иниеста, најдрагиот гол, најтежкиот противник, натпреварот што нема да го заборави, периодот кога сакал да ја напушти Барселона…
Во 2013 и 2014 година поради проблемите со шпанската Управа за јавни приходи, кога константно бил напаѓан од медиумите, сериозно размислувал да замине од Барселона.
Аргентинецот заедно со Чави и Иниеста го обележа најуспешниот период на Барселона.
„Сите знаевме дека еднаш ќе мора да заминат. Имаме многу квалитетни играчи на тие позиции, но Чави и Иниеста се уникатни. Поради нив се смени филозофијата на фудбалот. Се случуваше само поради нив двајца да имаме посед на топка и од 90 отсто, а кога ќе ја изгубевме го враќавме поседот за пет секунди. Чеви би можел еден ден да се врати во клубот и доколку сака да биде тренер. Сигурен сум дека еден тоа и ќе се случи и дека ќе има резултати какви што имаше Гвардиола на почетокот на тренерската кариера“, рекол Меси.
Омилен гол на Аргентинецот е голот што глава го постигна против Манчестер Јунајтед во 2009 година, во финалето во Лигата на шампионите.
Кој е најдобриот тим против кого играл и кој натпревар му е најдраг во кариерата?
„Шпанската репрезентација од 2010 година, од Светското првенство во Јужна Африка, а победа што нема да ја заборавам е онаа против Реал во полу-финалето во Лигата на шампионите во 2011 година“, рекол Меси.