Top Sport

Меси даде пет гола за Аргентина

Лео Меси по десет години повторно постигна пет гола на еден натпревар. Тоа го направи за првпат во дресот на Барселона против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите во 2012 година, а вечерва истото го повтори и во дресот на Аргентина.

„Гаучосите“ во Памплона одиграа пријателски натпревар против Естонија и славеа со 5-0, а сите голови ги постигна Меси.

Противничката мрежа ја затресе во 8. минута од пенал, а хет-трик го комплетираше во 47. минута. До „петарда“ стигна со уште два гола во 71. и во 76. минута.

Scroll to Top