Top Sport

Португалија по нотите на Роналдо, Грузијците ја растурија Бугарија

Кристијано Роналдо беше двоен стрелец во триумфот на Португалија од 4:0 против Швајцарија, во Лигата на нации. Во листата на стрелците му се придружија и Вилијам Карвалјо и Жоао Кансело.


Чешка и Шпанија одиграа 2:2, а Србија ја совлада Словенија со 4:1. Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Лука Јовиќ и Немања Радоњиќ погодија за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси.

Грузија ја победи Бугарија во Разград со 2:5 и се наоѓа на првото место во групата. Грузијците одиграа совршен натпревар и покажаа како може да се „растури“ Бугарија на гости.

Давиташвили во четвртата минута погоди за 0:1, а Андреа Христов си постигна автогол. Потоа стрелаа и Зивзивадзе, Кварачкелија и Вако, додека стрелци за Бугарија беа Александар Илиев и Илијан Стефанов.

Scroll to Top