Top Sport

Меси до Лева по победата за 33 поени: Требаше лани да ти ја дадат „Златната топка“

Лионел Меси по добивањето на неговата рекордна седма „Златна топка“ на блескавата церемонија во Париз, го кажа тоа што сите го мислеа, дека неговиот најблизок ривал Роберт Левандовски лани беше „ограбен“, кога наместо да ја добие престижната награда, „Франс фудбал“ решија да ја откажат церемонијата поради пандемијата на КОВИД-19.

„Би сакал да го споменам Роберт, беше навистина голема чест да се натпреварувам со тебе. Мислам дека ‘Франс фудбал’ требаше да ти ја дадат наградата во 2020, бидејќи ти ја заслужуваш“, рече Меси по добивањето на трофејот.

На крајот, во конечното гласање, победата на Меси беше тесна – тој доби 613 поени, пред Левандовски со 580, додека Жоржињо беше трет со 460 поени.

Scroll to Top