Top Sport

Меси доби слободен ден и замина кај нутриционистот во Италија

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси доби слободен ден од тренерот Ернесто Валверде, кој го искористи за кратка посета на Италија, кај човекот од доверба, неговиот нутриционист Џулијано Посер.

Посер е еден од луѓето кои ја уживаат целосната доверба на Аргентинецот, и му дава специфични диети за да го извлече максимумот на теренот. Меси пред две сезони успеа да ги надмине проблемите со стомачните мускули и со постојаното повраќање токму преку рутината на Посер. Методот на Италијанецот е доста компликуван – тој проценува како да се извлече максимална енергија од секој мускул на фудбалерите, и одредува која храна не смее да се користи.

По соработката на Меси со Посер, неколку други аргентински фудбалери побараа соработка со Посер.

Scroll to Top