Top Sport

Меси е една голема фудбалска лага

Пораншниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Франциско Бујо, во изјава за шпанските медиуми, остро го критикувал најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.

Аргентинецот, во кариерата, ги освоил сите значајни трофеи во клупскиот фудбал, меѓутоа нема ниту една голема титула со селекцијата на Аргентина.

Меси е петкратен добитник на „Златната топка“, меѓутоа Бујо смета дека тоа не е доказ за неговиот квалитет.

„Меси е таму за да ја освои Ла Лига или Купот на Кралот? Големите играчи го освојуваат Светското првенство, Лигата на шампионите или Копа Америка. Меси е една голема лага. Барса покрај него има одлични играчи. Тој не е толку важен за тимот како што некои мислат“, рекол Бујо.

Овој 60-годишник во кариерата бранел за Мајорка, Ла Коруња, Севилја и Реал, а за Шпанија бранел на седум натпревари. Со Реал освоил шест титули во шпанскиот шампионат.

Scroll to Top