Top Sport

Меси е среќен во ПСЖ: Морав да си најдам нов клуб

Лионел Меси во интервју за „Франс фудбал“ вели дека е многу задоволен што е во Пари Сен-Жермен и не жали што го избрал францускиот гигант по неочекуваната разделба со Барселона и покрај тоа што има релативно спор старт на „Паркот на принцовите“.

34-годишниот Меси зборувајќи за првите два месеци во градот на светлината, инсистира дека изборот бил лесен.

„Барса објавија дека нема да продолжам со нив и од тој момент почнав да размислувам како да се вратам. Морав да најдам нов клуб да ја продолжам кариерата и имав среќа што ме контактираа неколку клубови, меѓу кои и ПСЖ. Благодарен сум на клубот, бидејќи од стартот се однесуваа одлично со мене. Покажаа дека навистина сакаат да дојдам и третманот е фантастичен. Денеска сум многу среќен. Добив и други понуди, но бргу се договоривме со ПСЖ. Проектот е возбудлив, фудбалерите, квалитетот кој го имаат… Тие работи направија договорот да биде лесен. Не згрешив, лесно се интегрирав и ми помогна што многу фудбалерит зборуваат шпански како мене“, вели Меси.

Scroll to Top