Top Sport

Велковски го „скрши“ ѕидот на Лихтенштајн, Германија губи од Романија, Ерменија води на Исланд

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го стартува второто полувреме од гостувањето кај Лихтенштајн со предност од 0:1, откако Дарко Велковски во 39. минута од мечот, конечно го скрши „автобусот“ паркиран пред голот на домаќините.

Македонија имаше над 75 отсто од поседот на топката во првото полувреме, во кое се играше пред голот на Лихтенштајн, но прво ни беше поништен голот на Трајковски на стартот на мечот, а потоа обидот на Чурлинов заврши во стативата и пречката. Конечно, во 39. минута по корнерот на Алиоски, Велковски го постигна единствениот гол по слабата реакција на противничкиот голман.

Резултатите на другите мечеви од нашата група Ј не ни одат во прилог по првите 45 минути – Германија губи дома од Романија со 0:1 со прекрасниот гол на Хаџи, додека Ерменците имаат 0:1 предност на гостувањето кај Исланд. Ваков исход на крајот би не оставил на четвртото место пред дуелот со Германија во Скопје во понеделник.

Фото: ФФМ

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022, ГРУПА Ј, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

ГЕРМАНИЈА – РОМАНИЈА 0:1

Хаџи 9′

ЛИХТЕНШТАЈН – МАКЕДОНИЈА 0:1

Д.Велковски 39′

ИСЛАНД – ЕРМЕНИЈА 0:1

Хофханисјан 35′

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top