Top Sport

Меси-ефект во Париз – за три дена продадени дресови во вредност од 40 милиони евра

Одлуката на сопственикот на ПСЖ да го ангажира Лионел Меси веќе почнува да му се исплатува, иако поминаа само 3 дена откако Аргентинецот стигна во „градот на светлината“.

Меси во ПСЖ доаѓа без отштета со сезонска плата од околу 40 милиони евра.

ПСЖ експресно добива над милион следбеници на Инстаграм, а „лудница“ станува и за дресот со број 30, со презимето „Messi“.

За првите 7 минути откако дресот е пуштен во онлајн продажба продадени се 150.000 примероци, а во наредните 20-тина минути уште останатите 100.000 парчиња гардероба.

На официјалната страна на клубот дресот чини 158 евра, а продадени се и сите примероци од по 165 евра (содржат плус и беџеви од лигата на ракавите).

По просечна цена од околу 160 евра и бројка од 250.000 примероци се добива сума од околу 40 милиони евра.

ПСЖ од продажбата на дресовите има 20-30%, што значи дека „Светците“ заработија меѓу 8 и 10 милиони евра.

„Трие раце“ и Мајкл Џордан, чиј бренд е во соработка со техничкиот спонзор на францускиот клуб, па и нему ќе му припадне дел од продажбата.

Сега, на сајтот на ПСЖ се достапни само модели од дресот на Меси наменети за деца и жени, но нема сомнеж дека набрзо ќе стигнат нови залихи.

Пред официјалните продавници се чека ред за дрес, а засега нема податок колкава е продажбата.

Scroll to Top