Лионел Меси во понеделникот ја освои својата седма „Златна топка“, но отсуствуваше од денешните тренинзи на Пари Сен-Жермен поради стомачен вирус, иако во клубот веруваат дека ќе игра против Ница.
„Лионел Меси и Леандро Паредес не учествуваа на тренинг-сесијата поради симптоми на гастроентеритис, утре ќе се направат нови проверки“, велат од ПСЖ.
Сепак, француските медиуми веруваат дека Меси ќе биде дел од составот на ПСЖ, и дека дури ќе се појави со „Златната топка“ пред публиката на „Паркот на принцовите“ пред мечот со Ница.
Маурисио Почетино ќе биде без Нејмар, кој ќе отсуствува барем шест недели по повредите на лигаментите во скочниот зглоб, како и Јулијан Дрекслер, кој отсуствува подолго време.