Top Sport

Меси го доби осмиот Пичичи трофеј, вечерва и Златната топка?

Како „загревање“ за вечерашното доделување на „Балон д’ор“, наградата за најдобар играч во изминатата сезона во организација на „Франс фудбал“, Лионел Меси го доби својот осми (и најверојатно последен) трофеј „Пичичи“ како најдобар стрелец во шпанската Ла лига за минатата сезона со Барселона.

Наградата која ја доделува спортскиот весник „Марка“, постигна 30 голови во 35 меча за Барселона, победувајќи го Карим Бензема и Жерард Морено, кои имаа по 23 постигнати голови. Ова беше петта ваква титула за Меси во низа и доаѓа за сезоната пред неговото заминување од Каталонија. Наградата тој ја доби од директорот на „Марка“, Хуан Игнасио Галјардо.

„Благодарам што дојдовте до Париз да ми ја донесете наградата. Не знам дали некој ќе ме надмине, но можам да кажам дека е вистинска чест да бидам во историјата на Ла лига. Многу сум благодарен“, изјави Меси.

Зад Меси со шест „Пичичи“ трофеи е Телмо Зара, додека пет трофеи имаат освоено Алфредо Ди Стефано, Уго Санчез и Квини. Ференц Пушкаш има четири награди, додека Кристијано Роналдо си замина од Шпанија со три вакви награди.

Scroll to Top