Лионел Меси во својата блескава кариера има постигнато неверојатни 563 голови, од кои многу се на различните компилации на видеа со најдобрите голови во историјата – без разлика дали се работи за удари од слободен удар или некои соло-продори.
Сепак, во интервју за „Мундо депортиво“, аргентинската ѕвезда на Барселона успеа да го издвои својот омилен гол, што е многу интересно пред вечерната пресметка со Манчестер јунајтед во четврт-финалето на ЛШ.
Меси го избра голот со глава кој го постигна токму на Јунајтед во финалето на ЛШ во 2009 година во Рим, кога Чави му додаде фантастична топка, а Меси го совлада Едвин ван дер Сар. Тоа ја донесе првата титула од Лигата на шампионите во ерата на Пеп Гвардиола во Каталонија.